,

ЛОШИ НАВИКИ: Британците избегнуваат редовно миење на заби

Добивај вести на Viber

Последното истражување направено во Британија покажа дека поголемиот дел од луѓето своите заби ги мијат еднаш во денот.

Според истражувањето Yougov, три од десет Британци ги мијат забите еднаш неделно.

Мажите (33 отсто) во однос на жени (26 отсто) го прескокнуваат вториот круг на миење на заби. Додека 8 отсто од луѓето ги мијат забите три или четири пати на ден, а 2 отсто воопшто не ги мијат редовно.

„Најдобар начин да го спречите пропаѓањето на забите е да ги миете два пати дневно со паста со флуорид за да ја отстраните количината на слатка храна и пијалаци кои сте ги консумирале. Секако, важно е редовно да посетувате стоматолог“- вели професорот Дамиен Валмсли, од британска дентална фондација.

Податоците покажале дека поголемиот дел од луѓето забите ги мијат наутро (87 отсто), во однос на оние кои ги мијат навечер (72 отсто), дозволувајќи им на бактериите да се размножуваат во устата во текот на целата ноќ.