„Луѓето ме гледаат со одбивност, но нема да се шминкам“: Бојана има витилиго, мајка ѝ се обидела да го прикрие, а таа рекла - доста е

Како е да си „различен“, но да го претвориш својот „хендикеп“ во твое најсилно оружје и извор на неисцрпна сила во „Блиц женско студио“ зборува Бојана Марковиќ, која има витилиго.

Првите знаци на витилиго кај Бојана се појавиле на нејзината кожа кога имала само осум години. Иако Бојана тогаш била млада и, како што вели, децата на таа возраст полесно ги прифаќаат работите што им се случуваат.

- Факт е дека мајка ми пробуваше на различни начини, со разни креми, чаеви, добивме и течност од Куба со која се масирав и се сончав со ултравиолетови ламби, но во седмо одделение реков доста е, бидејќи се‘ тоа ми оневозможуваше време да бидам надвор со пријателите - се сеќава Бојана.

На мајка си ѝ кажала моќни зборови кои и денес ги памети, а кои и дале храброст да застане пред луѓето и нивните зачудени погледи.

- До денес луѓето се втресуваат на улица кога ќе ме видат. За мене тоа е малку примитивно од нивна гледна точка. Им се насмевнувам, намигнувам и поминувам. Имате луѓе кои создаваат и гадење - продолжува Бојана Марковиќ.

Марија Матиќ, на која и е ампутирана десната нога поради тумор на коските потврди дека реакциите на луѓето често знаат да бидат несоодветни и избрзани, дека се соочувала и со коментари дека треба да ја сокрие својата протеза, но дека како и Соња Милосављевиќ, која ја избричала главата поради алопеција се сака себеси таква каква што е, односно сака што е поинаква. .

Браво за овие храбри жени!


Фото: Printscreen/blic

Извор: блиц