Луѓето загрижени за изгледот на пејачката, навистина претерува: Жено, дали ова навистина си ти?
Фото: Rob Latour / Shutterstock Editorial / Profimedia
Нејзините обожаватели се загрижија кога ги видоа фотографиите, кажувајќи колку се загрижени за нејзиниот изглед
Синоќа во Лос Анџелес се одржа доделувањето престижните музички награди Греми. Многумина од гостите привлекоа внимание и со својот стајлинг и со номинациите, а ѕвезда на вечерта беше Бијонсе, која го собори рекордот по број на номинации.
Сепак, внимание привлече и Мадона, но во негативен контекст.
Мадона излезе на сцената за да ги најави Ким Петрас и Сем Смит кои го изведоа нивниот заеднички хит „Unholy“ награден со Греми во категоријата Најдобро поп дуо/група.
- Овде сум да им се заблагодарам на сите бунтовници кои коваат нов пат и го поднесуваат притисокот од него. Сите вие „проблематични“ треба да знаете дека вашата бестрашност не останува незабележана. Се гледате, се слушате, а најмногу ве ценат – ѝ порача Мадона на публиката.
Она што ја привлече публиката е лицето на Мадона, за кое многумина веруваат дека по бројните козметички зафати повеќе не личи на „старата“ Мадона.
„Се обидувам да го игнорирам фактот дека Мадона има сосема ново лице“, „Мадона изгледа добро за својата возраст ... ако има 2700 години и е вампир кој јаде живи бебиња и мали животни“, се дел од коментарите.
Извор: espreso.co.rs