Лукијан наполни една годинка: Мама и тато со песничка и торта му го честитаа роденденот

Синот на музичарот Кристијан Тасковски - Таско денес полни една годинка. Малиот Лукијан во септември треба да добие друштво, односно ќе стане поголем батко.

Со песничка и торта на која има една свеќичка Таско и Таша му го честитаа роденденот на Лукијан, кој видно се радува на тортата.

Парот се венчаше во 2023 година, а истата година го добија синот Лукијан.

Во април оваа година Таско и Таша открија дека ќе станат родители по втор пат, но овој пат на ќеркичка.

Фото: Инстаграм