Mагичен шпански темперамент и кулинарски специјалитети во Limak Skopje Luxury Hotel
Изминатиот петок шпанскиот дух преовладуваше во просториите на Limak Skopje Luxury Hotel! На Шпанска вечер посетителите имаа можност да ја почувствуваат шпанската страст, богата култура и спектакуларна кулинарска традиција.
Искусниот главен готвач на хотелот заедно со неговиот тим подготви автентично и традиционално шпанско мени. Гостите уживаа во тапаси со атрактивните вкусови на оригиналните шпански специјалитети, гаспачо супа, паеља од морски плодови и маринирани јагнешки котлети на жар, гарнирани со палента со суво грозје и сончоглед, менито финишираше со крема Каталонија.
Шпанската храна беше комбинирана со популарниот пијалак Сангриа и вината на нашата најголема и најуспешна винарница „Тиквеш“ кои оставија незаборавен вкус.
Низ фотографии почувствувајте ја атмосферата!
*Пр објава