Маја Оџаклиевска доби национална пензија, па се пресели на село со внукот Лука: Најголема желба ми е да прозбори

Маја Оџаклиевска сними голем број хитови, кои се пеат и денес. Пензионерските денови ги поминува далеку од градскиот метеж, па така сега живее во природа на село и чува животни.

Со неа е и нејзиниот внук Лука, кој, како што повеќе пати истакна пејачката, нејзина најголема радост во животот. Лука има аутизам, а штом го дознала тоа, Маја својата кариера ја остави настрана и во целост му се посвети на детето.

„На него мирот му беше и повеќе од потребен. Добар е, расте, во пубертет е, хормоните работат, што е нормално за дете од 13 години. Прекрасен е, единствена мака е тоа што уште не зборува, искрено се надевам дека ќе прозбори, некои никогаш не успеале во тоа и тоа е мојата најголема желба“ - призна Оџаклиевска за медиумите.

Пејачката со раскошен глас, исто така опиша и како изгледа животот на село и еден нејзин ден.

„Живеам совршено мирно, станувам наутро околу шест и пол, го гледам изгрејсонцето, одам на полињата, ги хранам моите животни. Седнувам и пијам кафе, никој не ме малтретира и тоа е прекрасно. Нема сообраќај, нема гужви, телефонот ѕвони одвремене - навреме, имам свое време и сакам да уживам во тоа. Изолирана сум на село и тоа ми годи. Имам зајаче, мачка, куче, птици... Домашни животни уште немам, бидејќи тоа бара повеќе посветеност, но можеби ќе ги имам, ако даде Господ“ - изјави Маја.

фото: Принтскрин / Јутјуб