Маја Вукичевиќ се пресели во Австралија, дознава „Женски магазин“ од блиски пријатели и соработници на пејачката. Причината за нејзиното иселување е наводна љубовна врска со нашинец кој долги години живее во Сиднеј, тврди естрадниот магазин „Ексклузив“.
Вукичевиќ пред неколку години комплетно се повлече од музичката сцена. Во меѓувреме се посвети на нејзината прва љубов – новинарството и неколку месеци беше дел од тимот на едно домашно списание.
Маја има син, Гораст,кој лани дипломираше на Економскиот факултет во Скопје, а во тој период таа со емотивен статус раскажа лична приказна.