Мајчинството може да биде ужасно и во ред е да се признае тоа

Колку пати бебето ве измокри по лице додека му ја менувавте пелената? Дали се расплакавте кога вашиот тригодишник истрча на улица полна автомобили во движење? Погледнете едно интересно мислење за другата страна на родителството. „ Никој не ужива во тоа што е мајка цело време “, смета блогерката Ејми Хеч. 

„Пред да ме запрете, почекајте еден момент и размислете за вечерта од минатата недела кога вашето дете се искака во када“. Ејми набројува уште маки со тинејџерите кои се желни да возат автомобил или со новороденче поради кое на мајката и крвават брадавиците. Оваа мајка не смета дека рекла нешто погрешно ниту дека тоа значи дека таа не го сака своето дете, а верува дека постојат многу мајки кои размислуваат на ист начин, иако тоа не смеат да го признаат. 

Ширлејн Мекреј, сопруга на поранешниот градоначалник на Њујорк Бил де Бласио, која станала мајка во четириесетата година, за „Њујорк пост“, говорејќи за својата ќерка, изјавила: „Вистина е дека не можев да го поминувам секој ден со неа. Не го сакав тоа. Барав секакви изговори тоа да не го правам. Бев лоша мајка “, искрена е Мекреј. 

Сепак, иако и самата Ејми Хеч признава дека мајчинството е многу тешко, таа не ја поддржува сопругата на екс- градоначалникот на Њујорк. 

 „Жал ми е, но кога еднаш ќе се породите, станувате мајка со полно работно време. Не престанувате да имате дете во оној момент кога излегувате од дома. Вие сте мајка 24 часа дневно, седум дена неделно, до крај на времето “, пишува оваа блогерка. „ И јас имам вести за вас: понекогаш тоа е навистина, без врска.“ Таа потсетува дека тоа важи и за татковците, односно дека, колку и да е некогаш тешко и напорно, родителството не престанува кога ќе отидеме на работа.