Мајка ги шокираше сите со постапката на роденденот на ќерката на нејзината пријателка: Како можеше да го сториш тоа?

Размислувањето на идеи за подароци за роденден станува потешко како што децата стареат. Некогаш беше доволно музичка играчка, но кај поголемите деца желбите се посложени. Сакаат мобилни телефони, Плејстејшн и слично.

Една мајка се најде во неволја кога скапиот подарок што го нарача за нејзината ќерка не пристигна на време за прославата. Во објава на Reddit, таа напиша: „Мојата ќерка Стефи наполни 9 години во саботата. Таа долго време сакаше Nintendo Switch и мислев дека е доволно зрела за таков подарок сега".

Понатаму таа објасни дека подарокот не пристигнал на време, туку следниот ден кога била роденденската забава на Џолин, ќерката на нејзината пријателка.

„Мислев дека дефинитивно сме во духот на прославата, па за да ја искористам можноста, на ќерка ми и подарив подарок по тортата на прославата на Џолин. Ништо повеќе. Мојата ќерка само го отвори подарокот и целото внимание потоа можеше да се врати на девојката која славеше роденден", ја објасни таа нејзината одлуката.

„Не можам да замислам да донесеш подарок на забава на друго дете и да ја ставиш својата ќерка во центарот на вниманието. Дури и ако не се согласуваш со мајката на девојката која славела роденден, и должиш огромно извинување", се редеа коментарите.


Фото:  freepik

 Најсрамните работи што децата некогаш им ги кажале на родителите во јавност