Мајка го пушта детето да јаде кора од дрво, песок и камења, луѓето ја осудуваат: Кој е во право?

Војната со расправии што ги разменуваа 22-годишната мајка и нејзините следбеници на социјалните мрежи добива сè поголеми размери

Кога бебето малку ќе порасне, тоа почнува да го истражува светот околу себе и во устата става се што ќе најде - од играчки до разни предмети во куќата. Повеќето родители потоа скокаат и му бранат на детето да биде толку љубопитно.

Истата ситуација се случува кога родителите излегуваат со мало дете надвор.

Но, не сите родители се однесуваат на идентичен начин.

View this post on Instagram

A post shared by @comingupfern



22-годишна мајка им објаснила на своите следбеници преку апликација за споделување видео дека е среќна што му дозволува на својот мал син да јаде песок и камења. Според оваа мајка, тоа ќе му помогне на нејзиниот мал син да изгради силен имунолошки систем.

- Мислам дека е добро моето дете да јаде се што многу други мајки сметаат дека не е за јадење, се додека мојот син е веган - коментирала корисничката на Инстаграм која на оваа мрежа се претставува како @comingupfern.

- Зошто му дозволив на моето бебе кое исклучиво го доев, да грицка стапчиња, камен, песок, нечистотија и неисчистена количка? - ги прашала оваа млада мајка своите следбеници и веднаш понудила одговор.

- Во последните неколку стотини години индустријата го зазеде светот. Ова не се случи случајно, туку по серијата кампањи вредни милијарди долари кои имаа намера да ја променат перцепцијата на јавноста за здравјето. Не се плашам од бактерии. Всушност, ги поздравувам. Им верувам на природата и на моето бебе. Не е случајно што бебињата го имаат тој инстинкт додека се дојат.

Нејзината изјава предизвика лавина од коментари.

- Да... Го пуштив моето бебе да си игра со ножеви и ексери, затоа што му верувам на моето бебе - иронично искоментира еден корисник на TikTok.

- Што?! Можеби земјата е загадена или луѓето и животните уринираат или плукаат таму... Можеби има паразити, отровни растенија... Луда идеја: децата треба да играат на отворено, но да не ставаат сè што ќе најдат во уста - напиша друг корисник

- Сите сме свесни за природниот имунитет, знаеме дека децата мора да се валкаат и се останато. Веројатно не би дозволила моето дете да јаде нечистотија, камења и дрво. Но, исто така, нема да го присилувам да ги дезинфицира рацете откако ќе ја допре секоја површина. Златната средина е во ред - напишал еден татко.

- Многу опасно и крајно немудро! Постојат растенија и цвеќиња кои се смртоносни, а некои од нив можат да предизвикаат осип. Многу работи се загадени со пестициди или животински измет. Ако таа не би ги ставила во уста, не треба да дозволи ни да стигнат  до устата на нејзиното бебе - категорична била една мајка.

Кој мислите дека е во право - мајката или нејзините следбеници? Споделете со нас преку коментари.