Мајка и ќерка кои регионот ги обожуваше: Еве каде се денес Елиф и Мелек

Добивај вести на Viber

Серијата Елиф владееше со нашите мали екрани цели пет години, еве каде се денес Изабела Дамла Гувенилир која ја глумеше девојката Елиф и што се случи со Селин Сезгин, нејзината мајка Мелек

Серијата „Елиф“ е несомнено една од најдолгите сапуници што сме ги гледале на малите екрани.

Интересно е што серијата беше на самиот врв на листата на гледаност речиси половина деценија! Со нејзините херои не се дружиме три години, а ТВ-новелите истражуваа каде се најомилените турски мајка и ќерка - Селин Сезгин и Изабела Дамла Гувенилир, кои ги играа Мелек и Елиф.

По завршувањето на серијата која ја прослави, Селин направи пауза во кариерата. Додуша, таа се појави во сагата „Господин Погрешен“, чии главни ѕвезди беа Џијан Јаман и Озге Гурел.

Иако многумина очекуваа дека тоа ќе и биде отскочна даска за позначајни улоги, продуцентите на високобуџетни серии не беа баш заинтересирани да работат со неа бидејќи се шпекулираше дека таа летнала во облаци поради успехот на серијата „Елиф“ околу светот, и дека барала многу пари за учество во серии.

За нејзина несреќа морала да ја „спушти цената“, па минатата година се согласила да биде главен лик на дневната сапуница „Драга мама“.

Кога станува збор за Изабела Дамла Гувенилир, експертите од турската ТВ индустрија и предвидуваа блескава кариера по завршувањето на серијата „Елиф“. Сепак, ниту таа, исто како нејзината телевизиска мајка, не можеше да се наметне на продуцентите на високобуџетни продукции, пишуваат ТВ-новели.

И покрај неуспехот, Изабела не се откажа од глумата. Таа неодамна го заврши снимањето на првата сезона од серијата „Игри на судбината“, во која кадарот го дели со Хилал Јилдиз, Зухал од „Фатална љубов“.

Гувенилирова вели дека нејзиното учество во тој проект е многу предизвикувачко бидејќи глумела тинејџерка која била врзана за инвалидска количка поради тешка болест.

Снимени се 115 епизоди, но серијата сè уште не е премиерно прикажана во Турција или каде било во странство, и покрај тоа што дистрибутерот наголемо им ја нуди на клиенти од странски земји.

Порано имаше гласини дека ако успее, би можело да има и втора сезона, но со оглед на тоа дека сè уште тлее во фиоката, мали се шансите продукцијата да се осмели да снима нови епизоди.