Мајка ми ме мотивира да бидам добра мајка, добар човек: Утринско кафе со Нина Лековска

Денот ми почнува со спремање за на час, и поради што си сакам да си поспијам до последна можна секунда, станувам, се мијам, матам кафе во термос, хеланки на мене и првто кафе ми е во Тринити со вежбачките. 

Ме мотивира работата што ја работам, сите среќни и задоволни лица што ги гледам во сала, пораките што ги добивам од вежабчи, што постигнале точно тоа што сакале, промените што ги правиме заедно со девојките.

Едноставно е, кога ќе ми кажат часот беше "топ", јас за следниот не смеам да потфрлам. 

Срна мојата ќерќичка ме мотивира, ја обожавам како ме имитира кога вежба и кога брои, сакам да научи дека спортот е многу важен за здравјето. 

Сестра ми ме мотивира, уште откако бевме деца, цел живот се огледувам на неа, горда сум на неа, и таа ме мотивира да бидам секој ден се подобра и подобра. 

Мајка ми ме мотивира, да бидам добра мајка, добар човек, да правам добро, да давам без да очекувам да ми се врати, да сакам безусловно. 

Обврските и плановите ми се околу Тринити, да спремам часови за девојките, секако да ги одржам истите, исто така проекти што имаме со сестра ми да ги сработиме. Секој ден е нешто ново и различно. 

Денот ми завршува со мојата Срничка, вечерните ритуали ми се најомилени, гледање Дизни цртани, раскажување приказни, пеење приспивни песни. Доколку не заспијам со неа, со Боки сопругот, го правиме планот за денот што доаѓа, па потоа обавезно гледаме филм или серија. 

Добар филм, секогаш сакам да изгледам добар филм или серија.


*Нина Лековска - пилатес тренер и личен инструктор во Тринити