„Мајка моја најмила, те сакам до зад ќошот на вселената“: Мајката на Тијана и Тамара го прослави 75-от роденден

Добивај вести на Viber

Мајката на пејачите Тијана и Тамара, Брана слави роденден.

Тијана објави заедничка фотографија со нејзината мајка која денес полни 75 години.

„Мајка моја најмила. Среќен роденден. Те сакам до зад ќошот на вселената“, напиша Тијана.

Двете ќерки на Велко и Брана, Тијана и Тамара често знаат да објават фотографии од нивните разведени родители. Како нивна најголема поддршка во секоја прилика знаат да бидат во првите редови како поддршка на нивните ќерки. 

Брана е поранешна оперска певица, додека нивниот татко Велко е поранешен професор по контрабас.

Фото: Инстаграм