МАЈКА ЗАГИНА СО ШТОТУКУ РОДЕНО БЕБЕ: Тажна приказна во Србија

Добивај вести на Viber

Во селото Костеница близу Прокупље во Србија, семјството Богдановиќ, се подготвуваше за погреб на мајката Сузана и на нејзината штотуку родена ќерка. 

„Место да му се радуваме на бебето, ние ќе го погребаме заедно со мајката. Го прашавме попот и тој ни рече дека можеме да ги испратиме во ист ковџег. Бебето ќе го ставиме на градите на мајката“, изјавила за „Вечерње новости“ Даница Богдановиќ, сврекрвата на починатата Сузана (34), која заедно со нејзината ќерка им подлегна на повредите по сообраќајната незгода во селото Горна Стражава кај Прокупље.

Несреќната жена била повредена десет дена пред терминот за породување и тоа по враќањето од лекарска контрола. Таа е итно префрлена во Општата болница „Др. Алекса Савиќ“ во Прокупље и породена е со царски рез. Потоа, иако е итно префрлена во во Клиничко-болничкиот ценатр во Ниш, мајката и бебето сепак им подлегнале на повредите. Сузана почина во средата попадне, а бебето вчера наутро. 

Свекрвата на починатата Сузана, со нејзините постари синови 

Несреќата се случила на кривината на излегувањето од селото, кога мерцедес со германски таблички удрил во цитроен во кој се наоѓала бремената Сузана и нејзиниот сопруг Витомир. Сосед на семејството раскажува дека возачот кој е одговорен за несреќата воопшто не застанал да им помогне на Сузана и на нејзинот сопруг. 

„ Кога ја завршиле контролата во болницата во Прокупље, мојот син и снааата купуваа некои работи за бебето кое сите со радост го очекувавме“, раскажала бабата Даница. Починатата Сузана и нензиниот сопруг Витомир имаат уште два сина: Стефан (14) и Лука (11). „Знаевме дека мајка ми ќе роди девојче. Многу се радувавме“, раскажал низ солзи постариот син, Стефан.

Местото на трагичната несреќа 

„Поради невнимание на возачот на камионот, кој не ја прилагодил брзината на кривина, згаснаа два живота. Витомир и Сузана самите се мачеа, почнаа да градат нова куќа, се со своите десет прсти. Таа го мешаше малтерот, а синовите ги носеа тулите“, раскажува Слаѓан Стаменковиќ, сосед и родина на семејството Богдановиќ. 

Возачот на мерцедесот е Србин од Хрватска кој живее во Германија. Вчера, тој е уапсен поради сомнеж дека направил тешко дело против безбедноста на сообраќајот. Витомир се обидел да ја поврати сопругата која паднала во несвест по несреќата. Ѝ го вадел јазикот за да не се задуши и викал оти има бремена жена и молел некој да му помогне. Ни возачот на мерцедесот ниту неговата девојка кои била со него не му помогнале.

Фото: Вечерње новости