Мајката на Адриан Гаџа прослави роденден: Заедно водат ресторан, „ја украл“ нејзината боја на очи

Поранешниот пејач Адриан Гаџа на својот профил на Инстаграм ѝ го честиташе роденденот на најважната жена во неговиот живот.

Имено неговата мајка, со која заедно водат успешен скопски ресторан славеше со своите два сина, Адриан и Дритон.

Адриан често ја споделува на социјалните мрежи и потенцира колку се двајцата блиски, а по она што може да се забележи од фотографиите е дека токму неговата препознатлива сина боја на очи „ја украл“ од мајка си.