Мајката на Ксенија Пајчин никогаш не прозборе по трагедијата: Сега е откриено како со години се справува со болката
Родителите на Ксенија се разведоа, а нејзиниот татко се ожени со друга жена со која ја доби Миа, која сега откри детали за нивната семејна врска
Сестрата на починатата пејачка Ксенија Пајчин, Миа, на годишнината од убиството, за прв пат се појави пред камерите и откри како со години се држи мајката на Ксенија, Љубица, која нема ниедна изјава до сега.
Како што истакнала, била исклучително приврзана за нејзината сестра Ксенија, која ја обожавала, па дури и ѝ дала име кога се родила, бидејќи секогаш сакала да има помала сестра.
Родителите на Ксенија се развеле, а нејзиниот татко се оженил со друга жена со која ја добил Миа.
Иако во некои семејства тоа би го нарушило мирот, во нивниот случај сè поминало одлично.
- Мајката на Ксенија, Љубица, е пријателка со мајка ми и има одличен однос со татко ми. Отсекогаш сме биле семејство. Никогаш немаше никаков проблем“, изјави Миа.
На прашањето како е Љубица, со оглед на тоа што никогаш не проговорила по смртта на ќерката, сестрата на пејачката изјавила:
- Љубица е добро, се држи.
Миа раскажа како Ксенија секогаш доаѓала на семеен ручек во недела и дека тој ритуал многу го сакала.
- Во неделите секогаш се собиравме, Ксенија доаѓаше кај нас на тестенини, а мајка ми подготвуваше пилешко и многу други јадења, а Ксенија тогаш знаеше да каже: „Па зошто толку храна, јас не сум гостин тука, јас сум домашна...“ - изјави Миа во емисијата „Блиц дан“.
Извор: Telegraf.rs