Мајкл Џексон заработува повеќе отколку додека беше жив: Ќе наполнеше 60 години

Добивај вести на Viber

Имотот на Мајкл Џексон моментално заработува повеќе пари од кога покојниот уметник беше жив, според новооткриените судски документи. Ултра популарниот музички уметник, е роден на денешен датум,со што на денешен ден би наполнил 60 години.

Џексон, кој почина во 2009-та година на возраст од 50 години, наводно се соочил со долгови до 500 милиони долари (388 милиони фунти) за време на неговата смрт. Горе споменатите документи тврдат, сепак, дека извршителите на неговиот имот „отстранувале поголем дел од побарувањата на доверителите" - но сепак некои долгови остануваат.

Како што објави „Mirror“, имот на Џексон заработил 74 милиони долари во 2015-та година. Деталите излегоа на виделина во судски документ од 73 страници, кој беше поднесен на суд во Лос Анџелес од страна на неговите извршители.

Овие приходи вклучуваат права за објавување, што донесоа 2,448,584.99 $ (1.9 милиони фунти) во таа година. „Триумф интернешенел", беше најголемиот носител на имот во тој временски период, со 18,8 милиони долари (14,5 милиони фунти).

Документите, исто така, ги расветлија некои од расходите на имот, кои вклучуваат сметка од 10,8 милиони долари (8,3 милиони долари) за куќата за деца на Џексон и 1 милион долари за медицински сметки за неговата мајка, Кетрин.

Во другите вести на Џексон, неговиот имот и „Sony Music“ се ослободени од долготрајната тужба која тврди дека три песни на постхумниот албум „Мајкл" всушност не ги претставуваат вокалите на починатиот уметник.