Македонци во ќорсокак: Не можат на престижни факултети, немаат резултати од државна матура

Добивај вести на Viber

Завршени средношколци, идни студенти кои одлучиле да го продолжат своето образование на некои од странските универзитети, имаат проблем да ги фатат роковите за упис, затоа што уште чекаат на резултатите од државната матура. Тестовите ги завршија со полагање на 13 јуни, а според роковите Државниот испитен центар треба да ги објави резултатите најдоцна за еден месец или на 13 јули. Сепак тој датум е многу подоцна од крајните рокови за упис на многу странски факултети, па револтирани ученици и родители деновиве бараат решение од Државниот испитен центар. Барале резултатот да им се даде порано за да стасаат, зашто инаку ќе изгубат цела година.

Целата приказна на Фактор.мк