Извештајот на World Happiness Report покажа дека Македонците се меѓу
најнесреќните луѓе во Европа. Истражувањето за глобалната среќа во чии рамки се
рангирани 156 земји покажало дека понесреќни од нас се само Албанците, Бугарите
и Украинците.
Оваа година истражувањето за „Просечното ниво на субјективно чувство на среќа во државата“ е базирано на тоа како среќата се развивала во последните дванаесет години, со акцент на технологијата, социјалните норми, конфликтите и владините политики кои ги туркаат промените.
Извор: Рефлектор