Македонки кои во странство заработуваат милиони
Марија Росенгрен во Шведска веќе 11 години води многу успешен бизнис за хигиена во производството на прехранбени и фармацевтски производи. Освен во Шведска, во последните години компанијата со којашто раководи високо котира и во Норвешка, а во 2005 година поради високите резултати во работата е прогласена за менаџерка на годината во Шведска.
Кога пред 32 години битолчанката Марија Цветкова заминала на гости кај својот брат во Шведска, не ни претпоставувала дека тоа патување целосно ќе и го промени животот.
Штотуку завршената матурантка од тогашното битолско Стопанско училиште гостинскиот престој во Шведска сакала да го искористи да заработи нешто, па нашла работа во една фирма, а таму на работното место го запознала Швеѓанецот Тумас Росенгрен, се вљубиле еден во друг и решиле да се земат, вели Марија, сега генерален менаџер на компанијата „Hugienutveckling“, која се занимава со воспоставување на висококвалитетни системи за одржување на хигиена во прехранбената и фармацевтската индустрија.
Компанијата што ја раководи има 350 вработени, а заедно со сопругот успеале да извршат пробив и во Норвешка. Во минатата година Марија остварила контакт со големата финска компанија „Lassila & Tikanoja“, која се занимава со истата дејност, и сопружниците Росенгрен ја прифатиле понудата да ги продадат акциите од својата фирма и таа да функционира како ќерка компанија на оваа голема компанија којашто има развиен бизнис низ целиот Скандинавски Полуостров, како и во Литванија и Русија.
Станика Јованов заедно со својот сопруг во 1989 година се доселиле во Австралија како квалификувани хемичари и во 1995 година ја основале својата фирма „Lipa“, а нивната најскорешна одлука да излезат на берзата можела да им донесе 54 милиони долари од половината фирма, а ќе ја имаат контролата на другата половина што чини 67,25 милиони долари. Инаку, целата фирма моментално вреди 134,5 милиони долари.
Пропаѓањето на „PAN FARMACEUTICALS“ придонесе „Lipa“ да биде уште попривлечна за иневеститорите. Фирмата, чиј претседател ќе биде поранешниот партнер од КПМГ, Џон Харкнес, произведува таблети, капсули, течности, пудри и кремови за повеќе од 70 клиенти, меѓу кои се „Блекморс“ и „Нејчрс веј“.
Станика и Ѓорѓе имаат 30-годишно искуство во фармацијата, а нивната фирма „LIPA“ во моментов е една од оние со најголем растеж во индустријата за таблети во Австралија.
По дипломирањето на Економскиот факултет и постдипломските студии на Универзитетот „Охајо“, стружанката Снежана Ставреска била избрана за најдобар студент во историјата на овој универзитет, што и овозможи ангажман како аналитичар во „Ваховиа банк“, една од најголемите банки во Америка.
Од јануари оваа година таа е дел од најголемата инвестициска куќа во САД, „Џеј Пи Морган“, каде е потпретседателка на одделот за кредити за мултимилионски компании, што се заедно говори дека со своите 26 години Ставреска за кус период навистина постигна високи професионални успеси.
Заради промената на компанијата, таа од Шарлот се пресели во Њујорк, и полека се прилагодува на тамошниот живот и се подготвува за новите професионални предизвици…
Во банката работи од октомври 2003 година, во кредитно-истражувачкиот оддел, кој им даваше поддршка на големите компании. Имала две задачи: првата беше одобрување кредити на високи институции кои произведуваат електрична енергија, односно големи електростопанства, како и компаниите за природен гас. Работела како аналитичар и затоа морала да ги покрива, односно да ги анализира нивните барања и понуди.
Секогаш кога ќе дошле кај нив со барање за кредити од, да кажеме 500.000 до милијарда долари, таа морала на нејзиниот одговорен да му даде препорака дали да се одобри кредитот, односно дали тие како институција ќе учествуваат во тој инвестиционен процес или не.
Тие како банка постојано вложувале од 20 до 30 проценти од главното учество и сите зделки одеа преку Снежана, што значи правела анализа, а потоа и препорака. Како банка имале портфолио од 1,3 милијарди долари, капитал на банката кој го менаџираат.
Тоа траеше до летото 2004 година, кога ја унапредија во потпретседателка на одделот, каде повторно беше задолжена за електростопанствата и нафтените компании, а на крајот од 2004-та и ги доделија и корпорациите за производство на оружје и воена опрема.
Сепак одлучила дека и треба промена и затоа ја прифатила понудата на „Џеј Пи Морган“, каде ќе работи во продажниот, а не во куповниот оддел и се разбира ќе треба да се пресели во Њујорк
Извор: Агенција за иселеништво