Македонски мејкап артист ја нашминка Нашата Беквалац за настап во Скопје, а таа го пофали: „Секогаш ми е задоволство“

Добивај вести на Viber

Македонскиот мејкап артист Даниел Николовски се погрижи за изгледот на српската пејачка Наташа Беквалац, која вчеравечер ги забавуваше скопјани во еден познат градски локал.

„Секогаш ми е задоволство“, напиша Беквалац на фотографијата.

Пријателството помеѓу Даниел и Наташа трае одамна. Не е ова прв пат тој да се погрижи за нејзиниот изглед за настап во Скопје. 

Нивната соработка трае одамна, а тоа може да се види и од фотографиите на Инстаграм профилот на Даниел. Очигледно дека довербата е стекната, па нивната соработка продолжува.

Даниел е задолжен за изгледот на доста познати македонски артисти. Најблиска соработка има со две македонски ѕвезди, Антониа Гиговска и Елена Ристеска, со кој е и близок пријател.  

Фото: Инстаграм