Македонски, српски, странски: 25 романтични песни на кои македонските парови обожаваат да го играат првиот танц на свадбата
Еден од најубавите моменти на секоја свадба е првиот танц на младенците. Нововенчаната двојка стапнува на подиумот за танцување, опкружена со кумовите, пријателите и членовите на семејството и почнува да танцува, на песна која има одредено значење во нивната љубовна врска.
Доста младенци во Македонија танцуваат на македонски и српски песни, а има и такви кои избираат странски песни за својот прв танц.
Ова се хитови на кои танцуваат младенците кај нас, но и во светот, а во продолжение издвоивме 25 од нив. Можеби меѓу нив се крие некоја песна на која сте танцувале вие или планирате да танцувате.
Во секој случај, време е да уживате во музичките задоволства на љубовта.
25 македонски, српски и странски песни на кои паровите обожаваат да го танцуваат првиот танц:
1. „Од овој ден“ - Владо Јаневски
2. „Остани во мене“ - Наде и Жак
3. „Усни на усни“ - Тоше Проески
4. „Твојте бакнежи на моите бели кошули“ - Тоше Проески
5. „Немир“ - Тоше Проески и Каролина Гочева
6. „Љубовта е моја религија“ - Каролина Гочева
7. „Лебедот бел“ - Нокаут
8. „Убава моја“ - Ај Кју
10. „Љуби ме и главата горе“ - Зафир Хаџиманов и Сенка Велетанлиќ
11. „Da te volim“ - Kristina Kovac
12. „Lutkо“ - S.A.R.S
13 „Dani i godine“ - Nina Badric
14. „Ako te pitaju“ - Petar Graso