МАЛЕНКО СЕ ОГЛАСИ ПО СВАДБАТА НА ЌЕРКАТА: Лора и Филип се совршени еден за друг

Добивај вести на Viber

По свадбата на најстарата ќерка Лора, поранешниот пливачки ас и актуелен претседател на пливачката федерација на Македонија, Александар Маленко им посака среќа и љубов на младенците.

„ На  сѐ што е убаво секој човек треба да се радува. Јас сум многу среќен за мојата ќерка. Нејзиниот сопруг го познавам од многу порано, тие се прекрасна двојка и совршени се еден за друг. Господ нека им дава здравје, среќа и љубов“, ни изјави Маленко во телефонскиот разговор.

Лора Турунџиева и Филип Наунов се венчаа на празникот Успение на Света Богородица во Скопје 

На фотогалеријата од свадбата на Лора Турунџиева која ја објавивме претходно, го нема нејзиниот татко. Во елегантно издание, со невестата и  со помалата ќерка Матеа, се фотографираше нивната мајка, пејачката, водителка и писателка, Сузана Турунџиева.

Лора е единствената ќерка од бракот на Турунџиева и на Маленко. Како мала, заедно со својот татко, таа се појави во спот на песна од Турунџиева, „Кажи ми кажи“. 

Маленко од четирите брака има пет деца, а Лора му е единствена ќерка. Во емисијата „Еден на еден“, Маленко изјави дека со сегашната сопруга, со која има две деца, размислува за проширување на семејството. 

М.Џаровска