Малиот Лав ќе го добие најскапиот лек на светот на сметка на државата!

Добивај вести на Viber

Дваесетмесечниот Лав Теодоровиќ, кој боледуваше од спинална мускулна атрофија, на државна сметка ќе го добие спасоносниот и најскап лек Золгенсма.

Добрата вест за родителите на Лав, која синоќа ја соопшти претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово во телефонски разговор ја соопшти директорката на Републичкиот фонд за здравствено осигурување, Сања Радојевиќ Шкодриќ. Мајката на малиот Новосаѓанец вели дека добила потврда дека Лав ќе ја добие потребната генска терапија на трошок на државата.

- Работиме тоа да се случи што поскоро - со измешани чувства изјави Соња Теодоровиќ и додаде:

- Во најбрз можен рок ќе се следат сите процедури, а кога точно Лав ќе го добие лекот засега не се знае. Доброто е што лекувањето ќе го добие во болницата во Тиршова, па нема да мораме да одиме во странство.

Лекот чини, 2,1 милион долари

Извор: Политика.рс

Фото: Фб.