Mама ај да скокниме: Актерката Маја Андоновска Илијевски во акција со синот на плажа (ФОТО)
Времето за летен одмор е во полн ек и за семејството на актерката Маја Андоновска Илијевски.
Преку социјалните мрежи таа сподели дека е на летување, а заедно со синот е во летна акција.
„Секоја година по една ваква фотографија-мама ај да скокниме ... фотографија без филтри, без грам местење, природна ,несовршено совршена, онаква какви што сме ние, радувајќи се на морето, сонцето и заедничките мигови, но и како потсетник колку брзо расти мојот мал човек“ - напиша актерката под неколкуте фотографии кои ги објави под постот.
Иако сме навикнати почесто да ја гледаме дотерана и стокмена од глава до пети, покрај фотките со синот, харизматичната актерка објави и фотка на која се пофали со извајано тело.
Како актерка Маја публиката ја памети од голем број театарски претстави меѓу кои „Обзрни се во гневот“, „Свирач на покривот“, „Слугинки“, “Хамлетмашина“, „Фауст“, „Сон на летната ноќ“.