Мама и тато одбраа облека во иста боја: Иван од Либеро бенд направи крштевка во Бигорски за ќерката Ниа

Добивај вести на Viber

Фронтменот на Либеро бенд, Иван Јованов и неговата партнерка Ивана направија крштевка за нивната ќерка, Ниа.

Крштевката на малата Ниа која се роди во март беше во Бигорскиот манастир.

„Се за семејството“, напиша Ивана на заедничката фотографија.

Иван и Ивана за овој специјален и посебен ден, одбраа облека во иста боја.

Сиво – бела комбинација. Сиви панталони и палто и бела маица. Дамата во црни високи потпетици, додека Иван носи бели патики.

Инаку малата Ниа родена е е родена на 26-ти март, во 21 часот и 15 минути, со тежина од 3 килограми и 240 грама и висина од 49 сантиметри.

Ниа е име од ирско потекло. Ова е велшката верзија на старото ирско име „Niamh“ што значи „сјај“.

Фото: Инстаграм