,

Марија ја изгуби ќерката пред 10 години: И ден денес е убедена дека за нејзината смрт се виновни гумите за џвакање

„Дури и денес, убедена сум дека мојата здрава, весела и среќна ќерка почина затоа што постојано џвакаше гума за џвакање“, вели Марија.

Марија Морган ја изгуби својата тогаш 19-годишна ќерка Саманта, пред 10 години. Убедена е, вели таа, дека причината за тоа е опсесијата на Саманта со гуми за џвакање.

- Последната сцена со ќерка ми е: таа вреска од болка и ме прашува дали вака изгледа смртта. Потоа се онесвести, а брзата помош ја однесе. За жал, немаше спас за неа. Во петокот, влегов во болницата со ќерка ми, во понеделникот ги извадив само нејзините очила од болницата - вели Марија од Велс.

Таа вели дека на тој трагичен ден Марија не можела да држи ништо во нејзините раце. Сè и испаѓало.

- Таа ми се пожали на тоа, и јас помислив дека сонцето ја удри во главата, па ја советував да пие вода и да легне малку. Ја советував да оди во собата горе, иако не сакаше, бидејќи таму е тишина и мирно. Тогаш слушнав страшни врисоци. Јас и мојата друга ќерка истрчавме горе, слушнавме некое трескање. Саманта врескаше и нè прашуваше дали е такво чувството кога умираш - се сеќава Марија.

Токсиколошките анализи не утврдиле присуство на никакви супстанции што би ја довеле до смрт.

Марија смета дека виновни за смртта се гумите за џвакање што Саманта постојано ги џвакала. Лекарот судски - вештак, на кој му го рекла тоа, ја испитувал и таа можност.

- Забележав дека Саманта постојано има гума за џвакање во устата, но дури кога ја чистев нејзината соба откако таа почина, најдов еден куп обвивки од гуми за џвакање и сметки за истите и сфатив колку е огромна таа количина гуми за џвакање што ги џвакала. Сигурно земала по две пакетчиња гума за џвакање на ден - вели Марија. Бидејќи нема друго објаснување за смртта на нејзината ќерка, таа вели дека е убедена дека виновни се гумите за џвакање.

- Подоцна истражував и открив дека земањето многу гуми за џвакање предизвикуваат пад на сол во човечкото тело. Разговарав и со лекар судски - вештак кој рече дека не може да ја исклучи таа можност. Дури и 10 години подоцна, не ја знам точната причина за нејзината смрт - заклучува Марија.

извор:zena.blic.rs