Здравје // Совети
Марија Јаневска со видео сподели дека ја примила Оксфордската вакцина: Денес е денот кој го чекав
Марија Јаневска- писателка и медицинско лице, која неодамна се пресели да живее и работи во Белгија, пред извесен период со Фејсбук статус го изрази револтот кон граѓаните кои не почитуваат мерки и не веруваат во коронавирусот, а овојпат се огласи по повод примање на првата доза вакцина против ковид-19.
Марија денес ја примила првата доза од вакцината на AstraZeneca (Oxford), примањето на вакцината го документираше во видео запис каде напиша:
„Коронавирусот ни одзеде многу. После сето она низ кое поминавме, ова е момент кој сите го чекавме. Време е за борба. Денес е денот!“
„Всушност им се јавувам на родителите со видео бидејќи се плашам од игли.“„После една година борба, конечно светла точка. Се надевам наскоро што поголем дел од населението ќе ја има истата можност“, напиша Марија.
ВИДЕО: