Марија од православна вера премина во ислам и поради таа одлука татко ѝ ја претепа: „Ми рече да си ја симнам шамијата бидејќи ни доаѓа поп дома“

Гркинката Марија (24), која неодамна го прифати исламот, за медиумите раскажа како нејзиниот татко ја претепал кога дознал за нејзината одлука, за што подоцна бил приведен и осуден

Расправиите со нејзиното семејство, особено со нејзиниот татко, станале чести во моментот кога таа им ја соопштила својата одлука.

„Татко ми не сакаше да слушне за исламот и да ме види како носам марама. Не ги сакаше моите религиозни убедувања. Ме тепаше брутално 20 минути бидејќи не сакаше да носам марама", рекла таа.

Таа вели дека татко ѝ ја замолил да ја симне марамата затоа што ќе им дојде поп дома, а кога таа одбила, почнал да ја удира по главата.

„Фактот што го тужев за насилство не значи дека не го сакам татко ми“, рече таа.

Марија во понеделникот се појави во судницата со шал на лицето за да го сокрие изобличеното лице од ударите. Очевидци велат дека едното око не ѝ гледало поради воспалението.

За време на судењето, нејзиниот 50-годишен татко ѝ се извини пред сите, но рече дека неговите деца мора да ги слушаат неговите наредби.

„Сè ми одеше на нерви, а имам и тешка рака. Повторно нема да им допрам ни влакно од косата, нема да згазнам ни мува“, рекол таткото за време на судењето, пишува „Прототема“.

Судот го осуди на три години и три месеци затвор, иако претседателот на судот беше за условна казна.

По изрекувањето на пресудата, Марија за грчките медиуми изјави дека расправиите и тепачките со нејзиниот татко не се случувале често, но дека секогаш биле интензивни.

„Мојата позиција е тешка бидејќи тој ми е татко, но мојата желба да носам марама е моја потреба. Мислам дека е погрешно да се изложува женско тело и остро го осудувам тоа“, рече таа.

извор: Телеграф.рс