Марија по породувањето ја оставила својата ќерка на посвојување: По 29 години се појавила на нејзината врата, но никој не очекуваше ваква реакција на мајката (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Многумина мислат дека мајката не покажала доволно емоции и емпатија

Кога Марија имала 19 години, донела одлука нејзината новородена ќерка да ја даде на посвојување. Не поминувало ден, а таа да не помислувала на неа.

Девојката по име Ели вака го започнува своето видео кое го објавила на социјалната мрежа Тик ток и кое го погледнале милиони. Во видеото нејзината мајка после 29 години се запознава со нејзината ќерка која ја оставила на посвојување и која ја пронашла преку социјалните мрежи. 

Ќерката која сега имала 29 години и самата сакала да ја запознае својата биолошка мајка.

„Ова е посебен ден за нашето семејство“, пишува таа и додава дека нејзината мајка ја чекала посвоената ќерка да одлучи да ја побара. Таа објаснува дека сметала дека тоа мора да биде нејзина одлука.

@allieseabock a very special day for our family#adoption #adopted #adopt #adoptionstory #adoptionstories #momanddaughter  #reunited #fyp #viralvideo #reunion #familyreunited #specialmoments Ambient-style emotional piano - MoppySound

Девојчето сега има 29 години, луѓето сега пишуваат дека реакцијата на мајката не е адекватна, т.е. дека не покажувала емоции при средбата со неа. Други пишуваат дека е можно да не сакала да ја возбудува ќерка си која многу емотивно ја издржала оваа средба.

- Таа не ми изгледаше ентузијастички. Мислам дека никогаш немаше да ја бара ќерка си ако не се појавеше – напишал корисник на социјалната мрежа Тик ток во коментар.

-Не се чувствував виновна затоа што знаев дека ќе има подобар живот од оној што можев да и го дадам како тинејџерка - одговорила мајката на прашањето за вината.

Фото:Принтскрин/ Тик ток
Извор: Najzena.alo.rs