Марија Шерифовиќ: Наскоро ќе станам мајка

Добивај вести на Viber

Сѐ посериозно размислувам да станам мајка и тоа наскоро, изјави поранешната евровизиска победничка Марија Шерифовиќ. 

- Сметам дека тоа е најголемата животна победа. Морам да признаам дека на самата помисла да се реализирам како родител особено се радувам - раскажува Шерифовиќ.

Српската пејачка не го исклучува и посвојувањето како опција, но на таков чекор, како што вели, сѐ уште не е подготвена.

- Тоа е највозвишеното нешто кое еден човек може да го направи. Им се восхитувам на луѓето кои се подготвени на тоа - искрена е Марија.