Марија Шерифовиќ со потресни зборови се обрати на покојниот син на Марина Туцаковиќ: „ Драг мој Лаќа, се надевам дека си задоволен“
Познатата пејачка Марија Шерифовиќ, непосредно по објаувањето на новиот албум, кој привлече огромно внимание, не заборави да го спомене својот покоен пријател Милан Радуловиќ Лаќа, синот на Марина Туцаковиќ и јавно му се заблагодари за се што направил за неа.
По речиси една децениска пауза, Маријаго објави албумот и досега необјавени синглови кои се на пат да станат големи хитови. Позади овој проект стојат многу соработници на пејачката, а меѓу нив се спомнуваше и името на покојниот Лаќа.
- Драги мој, добар Лаќа, се надевам дека си задоволен што направивме се како што планиравме. Бескрајна благодарност до сите автори. Без ниту еден од нив оваа слика не би била целосна – изјави Марија, која додаде дека мислењето на нејзината мајка и е многу важно, бидејќи таа е секогаш сурово искрена.
- Реакцијата на мајка ми беше многу важна за мене. Доволна ми е првата реакција на Верица. Таа не се двоуми да ми каже кога нешто не е во ред - додаде Шерифовиќева.
Фото:youtube/screenshot