МАРИО И ТОНИ ПАК ЌЕ БИДАТ ВО ЉУБОВ: Нови доживувања во серијата „Преспав“

Добивај вести на Viber

Новата, трета сезона на популарната Тв серија „Преспав“  ќе започне да се снима следниот месец. Во меѓувреме, МРТ на првиот канал, од заввчера започна да ги репризира епизодите од првата сезона, секој работен ден од 21.15 часот, и репризи од 16 часот. По првата, ќе одат репризите од втората сезона. 

Симпатичниот хер Наим, познат по неговото заразно смеење (Адриан Азири), лажниот готвач Марио (Васил Зафирчев) и рецепционерката Јелена (Јелена Јованова) која е зависна од „селфи“ фотографиите за социјалните мрежи ги споделија со нас доживувањата од првите две сезони.

Наим е вљубен во Ула, и го користи секој момент кога нејзиниот соопруг Кроста не е тво близина за да ѝ се додворува.- Адриан Азири со тијана Дапчевиќ 

„ Наим, генерално е универзален, снаодлив во секаква ситуација, учтив и образован, но со јазична мана која што цело време ја контролира мешајќи српско-хрватски и македонски. Животното искуство со разни контакти низ целиот Балкан но и пошироко, секогаш му биле од помош, затоа и често ги извлекуваше од невољи бизнис партнерите Миле, Коста и Тони“, ни изјави Азири кој е сопственик на кафуле во Тетово.

„ Некогаш несвесно забегувам со тој вид на смеа и во тој момент чуствувам  реакции од друштвото, мислејќи дека глумам“, додаде Адриан за начинот на смеење по кој стана познат Наим.

Васил Зафирчев, го опишува готвачот Марио како кралица на драмата.

Марио е цар на сплеткарењето, „кралица“ на драмата и патосот.- Васил Зафирчев со Јелена Јованова 

„Тој е вешт манипулатор од позиција на странец. Лажен кувар и будист. Зад неговата „духовност“ се крие неговата страсна и афективна природа како лик. Цар на сплеткарењето. „Кралица“ на драмата и патосот. Но во суштина итар и неверојатно луциден лик кој дури и кога греши е во право и кој на крајот секогаш успева да застане на „вистинската“ страна. За мене како актер, најинтерсени и најзабавни негови страни се афектите, брзите промени на состојбите и начините на дејствување“, ни изјави Зафирчев. На крајот на првата сезона, се обелодени врската на Марио и на Тони, (Игор Стојчевски) еден од трите сопственици на пансионот „Преспав“. На крајот на втората сезона, Марио и Тони се разделија. 

„ Актерската професија не признава патријахален концепт, туку пред сѐ слобода во изразот и во размислувањето. Врската на Тони и на Марио како однапред зададена околност на ликовите е повеќе насочена кон подигнување на комичниот ефект кој произлегува од нивниот меѓусебен однос, отколку на нејзината суштинска природа. Тоа што се во љубовна врска е само појдовна точка за дејствување“, ни изјави Зафирчев.

Во третата сезона, Марио и Тони ќе ја обноват врската, велат од продукцијата на серијата.   

„ Јелена рецепционерката е еден ултра забавен, никогаш здодевен и инспитаривен лик. Безгранично отворен за игра, весел и неисцрпен карактер. Од неа може да се очекува буквално сѐ и таквата непредвидливост е нешто што ме забавува секој миг поминат со неа на сет, а на мое големо задоволство гледам дека и публиката го ужива истото. За нејзиното постоење надвор од „Преспав“ си посведочив веќе неколку пати“, ни изјави Јелена Јованова. 

Комплетната актерска екипа на втората сезона на „Преспав“ 

„ Кога не можеш да доснимиш сцена до крај зошто не престануваш да се смееш, кога три пати во денот те прешминкуваат зошто шминката ти се распаѓа од плачење, верувајте тешко е да се издвои една интересна случка од снимањата“, додаде Јованова. 

Во репризите на првата и втората и во новите епизоди од третата сезона, ќе ја гледаме и Тијана Дапчевиќ како Ула, а ја глуми познатата пејчка, музичар и актерка, Тијана Дапчевиќ. На многу јавни настани, Тијана го користи симпатичниот македонско-германски кој стана типичен за ликот на Ула. Таа е сопруга на Коста, (Игор Ангелов), брат на Миле , кој во првата сезона го игра Владо Јовановски а во втората Игор Џамбазов. Тука е и најевропски ориентираниот Тони, најмалиот брат на Коста и на Миле (Игор Стојчевски). Оној кој домаќините на пансионот никогаш не ги остава на мира е инспектор Томе (Горан Стоајновски), постојано измислувајќи им дупки во законот и казни. Гостите на „Преспав“ најзабвно си поминуваат кога на рецепција ќе ги пречека Талат од Џепчиште, (Дритон Вејсели). 

Дритон Вејсели во улогата на смешниот рецепционер Талат, со Тања Кочовска 

Од продуцентите на серијата, „ОХО“ велат дека во третата сезона се најуваат нови, интересни ликови. 

М.Џаровска