Маркијан, синот на Ребека прослави роденден: Пејачката има една желба (ФОТО)

Пејачката и претседател на здружението „Дајте ни крилја“, Ребека Јанковска - Ристески, го прослави роденденот на нејзиниот прв син Маркијан. 

По тој повод, пејачката на социјалните мрежи му го честиташе роденденот на Маркијан а покрај неколкуте фотографии, Ребека напиша:

„Најголемата наша желба е да бидеш среќен и опкружен со добри луѓе. Нашата мисија долго и сѐ уште трае.

Се молам за повеќе добрина во светот кој го врти погледот. Жалам за лошите политики, површните анализи, некомпетентните функции на нашите "презафатени"политичари и нивните грешни души.

Среќен Роденден Батка, Мангупски, љубовче и сонце наше.Те сакаме“, стои во објавата на Фејсбук.


Таа во неколку наврати истакнала дека ноември ѝ е еден од омилените месеци, но исто така таа секогаш јавно зборува за предизвиците со кои се соочуваат лицата со посебни потреби. Пејачката во едно од нејзините интервјуа за Женски магазин сподели за потешкотиите со кои се соочуваат децата со нетипичен развој во време на пандемија од коронавирус и колку е важно и овие деца да бидат дел од физичката настава.


Фото: фејсбук

Можеби ќе ве интересира:

МАРКИЈАН НИ УМИРАШЕ ПРЕД ОЧИ: Искрено со пејачката Ребека

Ребека: Маркијан ме научи дека невозможното е возможно