Марко Пејчиноски доби депозит за детско штедење од Охридска банка

Добивај вести на Viber

Една од компаниите кои го поддржаа малиот херој Марко Пејчиноски кој на празникот Голема Богородица го ореплива Охридското езеро е и „Охридска банка“.

Марко денеска ја посети експозитурата на банката во Охрид, каде што го прогласија за прв член на нивниот клуб на таленти, објави „Охридска банка“ на својот Фејсбук профил. 

„ Денес бевме горди домаќини на Марко Пејчиновски, момчето кое херојски го преплива Охридско Езеро! Го дочекавме со огромна радост и го прогласивме за Прв член на нашиот Клуб на таленти. ОБСГ на Марко му додели депозит за детско штедење и му посака многу здравје и успех понатаму“, пишува на фејсбук профилот на банката.  

https://www.facebook.com/ohridskabankasocietegenerale/

И покрај здравствените проблеми, некроза на еден дел на коската од ногата кој му ја забавува моториката, Марко на 28 август тргна од Свети Наум во 9.20 часот, а на охридското пристаниште, по испливани околу 25 километри, стаса во 18,20. 

„ Кога почнав да пливам водата беше многу студена. Но, ниту еден момент не помислив да се откажам. Додека пливав ми студеше и си мислев како да си олеснам. Си реков дека како што пливам, ќе ми станува сѐ потопло и потопло. Така и беше“, изјави Марко за Женски магазин.