МБУ и Халк Осигурување потпишаа Протокол за соработка кој на студентите им обезбедува стажирање, обука и можност за кариера

Добивај вести на Viber

Меѓународниот балкански универзитет (МБУ) и Халк Осигурување АД Скопје потпишаа Протокол за соработка кој има за цел да им обезбеди на студентите на МБУ стажирање, професионална обука и можност за кариера во Халк Осигурување.

„МБУ ја поздравува оваа соработка како уште еден чекор во проширувањето на соработката со бизниси кои работат во различни сектори и обезбедуваат одлични можности за кариера на нашите студенти. Нашиот Универзитет е создаден врз идејата за зближување и поврзување на двата клучни сектори во секое просперитетно ориентирано општество, образованието и стопанството. Токму затоа, покрај соработката со други универзитети низ светот, МБУ има склучено партнерство со повеќе компании во земјава со што нашите студенти добиваат можност за пракса и шанса за вработување по завршувањето на студиите. Договорот со Халк Осигурување е уште еден чекор во насока на стекнување професионална обука и отворање можности за вработување на студентите“, вели Висар Рамадани, генерален секретар на Универзитетот.

МБУ располага со седум факултети, односно 18 програми за додипломски и 10 програми за постдипломски студии во различни области, како што се инженерство, архитектура, економија, административни науки, ликовна уметност, образовни науки, комуникација, хуманистички и општествени науки.

Создавање на висококвалитетен кадар којшто веднаш е конкурентен на пазарот на трудот, воспоставено партнерство со бизнис секторот, околу 150 договори за соработка, со можност за стажирање и работа на студентите се само дел од придобивките од студирањето на Меѓународниот балкански универзитет.Со најдобра програма за настава и учење во државата, според Шангајската листа, со иновативни методи на предавање, целосно на англиски јазик и со реномирани експерти во своите области како професори, МБУ создава висококвалификуван кадар кој е конкурентен на меѓународните пазари на трудот.

Последните анализи на универзитетот покажуваат дека над 90% од студентите кои ги завршиле своите студии на МБУ се вработениво првите шест месеци по дипломирањето и веќе градат успешна кариера.

ПР објава