Ме навредуваат, а ме копираат: Елена Велевска не ја запостави кариерата
Ништо не доаѓа преку ноќ, а најголем успех за мене е оној чесниот, со чист образ. Треба да се разграничат некои термини. Има разлика меѓу естрадни уметници и старлети. Но, порано или подоцна сечиј труд излегува на површина, треба само трпение и верба во Бог, изјави Елена Велевска претходно во интервју за „Женски Магазин“.
По шокантното признание дека е жртва на семејно насилство, популарната пејачка не ја запостави кариерата. Напротив, минатата недела се дружеше со нашинците во Швајцарија, а бројни настапи има договорено и во наредниот период.
- Сѐ уште не сум разведена. Она што требаше да го превземам, го направив, меѓутоа тоа не зависи од мене. Чекам судот да одлучи и кога ќе имам информации ќе кажам официјано дека сум разведена. А, сега сакам сите некултурни, нетрпеливи луѓе да ме поштедат, пред сѐ да ги поштедат моите деца, бидејќи навистина поминуваме низ еден тежок период. Децата одат на училиште и не сакам да се соочуваат со коментари, па и прашања - изјави Велевска за „Бекстејџ“ минатиот месец.