Ме силуваше првпат кога имав 17 години: Актерката Милена ги обелодени монструозните дела на познатиот српски режисер

Неколку девојки, од кои некои се малолетнички, пријавиле во полиција дека биле силувани / сексуално малтретирани од Мирослав Мика Алексиќ, познатиот глумец, режисер и сопственик на школа за глума.
Една од нив е реномираната млада актерка Милена Радуловиќ (26), која исто така гради кариера во Русија, каде сними филм и две серии за една година.

Токму Милена реши прва да прозборува за пеколот низ кој поминала.
Отворено за српски Блиц, таа раскажува низ што се поминала во престижното училиште за глума на познатиот актер и режисер Мика Алексиќ.

- Бев во училиштето на Алексиќ веќе шест години кога ме силуваше првпат. Имав 17 години.Тоа не се случи еднаш, се повтараше - вели Милена Радуловиќ во интервју за „Блиц“, покрај тоа предаторт ги терал сите девојки од неговото училиште да носат што е можно пократки здолништа, на негово барање, и да се грижат за изгледот на косата и ноктите.

-Ме злоставуваше прв пат кога имав 17 години, тој имаше 61. Се погрижи сексуалната злоупотреба да се случи за време на час, но во просторија покрај онаа каде што беа другите студенти, или во периодот кога работата се интензивира поради прием во ФДА. Не остави простор никој да се сомнева дека таму се случува нешто толку страшно. Планираше сè внимателно. Ја искористуваше ситуацијата додека сме во шок. Освен што сето ова ви се случува, секогаш постоеше страшно чувство дека во близина има еден куп други деца. Најстрашно е што теренот го подготвува со години, од раното детство, чудовиште, а девојките кои се со мене и јас, ние  не можаме да дозволиме некој да го доживее тоа што ни се случи нас.


Ова не е одмазда, иако таа фаза постоеше и кај мене, но заврши многу одамна. Сите ние, жртвите на Мирослав Алексиќ, влегуваме во ова затоа што е недозволиво да молчиме уште еден ден. Некои девојки, родени 2003 или 2004 година поминуваат низ ваков вид на тортура. Очекуваме поддршка, бидејќи никој не смее да ја поддржи педофилијата. Станува збор за силување на малолетници кои со години биле во контакт со монструозен манипулатор, кој не само што манипулирал со девојчиња, со неговите ученици, со нивните родители, туку и со целото општество, секоја личност што го слушнала славното име и имала позитивно директно или индиректно мислење за овој човек е негово жртва колку и ние, раскажува Радуловиќ.

Во школата читавме една книга неделно, одевме во театар, гледавме филмови, бевме културни, добри деца. Религијата се пропагираше во групата, часовите започнаа со молитва „Оче наш“, девојчињата доаѓаа во здолништа, момчињата вочевлите, косата и ноктите мораше да бидат уредни. Но, тоа секогаш беше строго, сурово. Тој беше многу строг и сите велеа: „Па добро, тој е суров, но тоа е Мика, тој има свои методи“. Правилата се јасни “- вели Милена Радуловиќ за Блиц.

По нејзиното признание во јавноста, Алексиќ синоќа, бил приведен и однесен во полициска станица. Тој е еден од најпознатите српски е продуценти, актери и филмски режисери. Најдобрите актери во Србија го посетувале неговото училиште. Некои од нив се: Никола Којо, Борис Миливојевиќ, Никола Ѓrуричко, Мирјана Јоковиќ, Виктор Савиќ, Вук Костиќ, Нада Маканковиќ, Ања Алац, Ваја Дујовиќ, Марија Бергаман, Хана Селимовиќ, Ивана Зариќ, Бојана Стефановиќ.

По синоќешното страшно признание на актерката Милена Радуловиќ, многу колеги јавно ја поддржаа, меѓу нив Маријана Мишиќ, Миодраг Радоњиќ, Нина Јанковиќ, Иван Босиљчиќ, Милица Тодоровиќ како и режисерката Милена Грујиќ и многу други.

Извор: Mondo.rs/glossy.espreso.rs/zenskikutak.rs