„Ме тепаше 200 пати неделно, имав 38 кг и ми ја избричи главата“: Наташа ја киднапираа на 10 години, преживеа пекол, а денес ја купи куќата во која била заробена

Добивај вести на Viber


Случајот со киднапирањето на Наташа Кампус (34) од Австрија е добро познат низ цела Европа, а јавноста и ден денес ја интригира - многумина тврдат дека боледува од Стокхолмски синдром, додека таа нагласува дека тоа што го разбира нејзиниот киднапер не значи дека боледува од споменатиот синдром.

Ловот по Кампус започна откако таа реши да ја купи куќата во која беше заробена, но откако покажа одредена благодарност и наклонетост кон киднаперот во книгата „3.096 дена“, објаснувајќи дека тој не ја ни допирал првите четири години, и дека и помагал да се образува дома - вежбал математика со неа, и носел книги, заедно цртале...

Кога Наташа имала само 10 години, на пат кон училиште, била киднапирана од Волфганг Приклопил, човек опседнат со злосторствата на Адолф Хитлер, кој сакал таа да се чувствува како жртва на нацистите. Приклопил го чувал девојчето во импровизирана ќелија во подрумот на неговата куќа во близина на Виена, а таа останала заробена таму осум години - од 1998 година до нејзиното бегство во 2006 година.

Киднапирањето не беше импулсивно, Приклопил внимателно го планираше; тој претходно изградил мала звучно изолирана просторија без прозорци под неговата гаража. Тајната соба била толку добро обезбедена што бил потребен еден час за да влезе внатре!

Набргу по киднапирањето започна избезумената потрага по Наташа, а за работите да бидат уште побизарни, Приклопил бил еден од првоосомничените, бидејќи сведокот видел дека девојката била однесена во бело комбе како неговото, но полицијата му дозволила оди. Едноставно процениле дека благиот, повлечен 35-годишник не може да биде такво чудовиште.

"Ми даваше малку да јадам, малку облека, ме понижуваше, ме тераше да работам напорна и ми ја избричи главата. Му се восхитуваше на Хитлер и сакаше да се чувствувам како жртва на нацизмот", накратко го опишала ужасот што го доживеала.

Кампуш, исто така, потсети дека морала да глуми ментално заестаната за да може воопшто да преживее. На првата ноќ во заробеништво, таа дури го замолила киднаперот да ја покрие и да ја бакне за добра ноќ.

Со текот на времето, киднаперот дури почнал да и носи грицки и „подароци“ во вид на средство за плакнење уста или селотејп. „Бев среќна што добив каков било подарок“, рекла еднаш Наташа и додала дека е свесна дека тоа што и се случува е чудно и погрешно, но дека смета дека е одлично што успеала да ја рационализира целата ситуација.

"Кога ме капеше, замислував дека сум во спа центар. Кога ми донесе нешто за јадење, го замислував како господин, како го прави сето ова за да биде џентлмен. Тој ме служи", се присетува Кампус.

Приклопил тврдеше дека е египетски бог и бараше да му се обраќа со „Господ“. Како што таа растеше и покажуваше повеќе бунт, тој стана посуров; почнал да ја тепа и до 200 пати неделно, ѝ одбивал храна, ја терал да ја чисти куќата полугола, ја држел во темница.

По нејзиното бегство, Наташа напишала три книги кои го следат нејзиното киднапирање, како и нејзиното закрепнување

Во еден момент таа тежела само 38 килограми. Исто така, понекогаш пишувала дневник на тоалетна хартија, што го криела од киднаперот.

„Најмалку 60 удари во лицето. Десет до 15 удари по глава, ми се слоши. Еден удар со сета сила во десното уво“, напиша таа на еден лист.

Кампус не сакаше многу да зборува за сексуалното злоставување што го претрпела. Преклопил ја врзуваше за неговиот кревет, но сакаше само да се гушкаат. Целата реалност ја натера Наташа во неколку наврати да се обиде да ја преземе контролата врз себе. Она што ја спаси беше визијата што ја имаше во еден момент - сонуваше за постара верзија на себе како и вели: "Ќе те извлечам одовде, ветувам. Сега си премногу млада. Но, кога ќе наполниш 18 години, јас Ќе ги поразам киднаперите и ќе те ослободам од затвор“.

Како конечно побегна Наташа?

Како што одминуваа годините, Приклопил стануваше се поопуштен со Наташа. Ја терал да чисти, но во исто време и ги споделил своите размислувања за теориите на заговор, излегол со неа, а во една прилика дури и ја однел на скијање. Таа никогаш не престана да бара можност да избега; таа призна дека имала шанси во неколку наврати кога излегле заедно, но била премногу исплашена да направи нешто околу тоа.

Таа истакна дека во пресрет на нејзиниот 18-ти роденден почувствувала дека нешто се менува длабоко во неа, а потоа, свесна за ризикот, му пришла на киднаперот и отворено му рекла: „Ме доведовте во ситуација кога само еден од нас може да преживее јас сум благодарна што не ме уби и што се грижеше за мене, но не можеш да ме натераш да останам со тебе ова мора да заврши“.

Приклопил, на нејзино изненадување, не изреагирал. Неколку недели подоцна, таа му го миела автомобилот во дворот кога тој отишол да се јави. Тогаш ја виде својата шанса.

„Претходно постојано ме гледаше. Но, јас држев правосмукалка која правеше врева, па тој мораше да се оддалечи за да ја слушне личноста со која зборува“, објасни таа, додавајќи дека среќа портата била отоврена.

„Едвај можев да дишам. Се чувствував како рацете и нозете да ми се парализирани. Хаотични слики ми се вртеа низ главата“.

Бегството на Наташа било успешно, а Приклопил откако сфатил што направила, се самоубил фрлајќи се под возот. Пред тоа му признал се на својот најдобар пријател: „Јас сум киднапер и силувач“.

Наташа ја опиша својата траума во три книги; во првата го опишува киднапирањето и сето она низ кое поминала, а во втората што следело низ и по нејзиното закрепнување. Нејзината трета книга е за злоставувањето кое го трпи секојдневно на Интернет - откако со години беше жртва на еден криминалец, таа стана жртва на илјадници и илјадници луѓе низ мрежата.

„Побегнав од мојот непријател, за наеднаш да добијам десетици нови непријатели, а на некои интернет-форуми дури и илјадници од нив“, откри таа, додавајќи дека верува дека добила критики поради тоа што не се претставила како жртва.

„Луѓето веројатно очекуваа дека ќе останам без око или нешто слично, дека ќе плачам цел ден или ќе бидам под дејство на дрога, многумина претпочитаат да го гледаат тоа како слика на жртва“.

Во чуден пресврт на судбината, Наташа наследи две третини од куќата на нејзиниот киднапер, како форма на „компензација“ за она што го доживеала. Таа не планира никогаш да живее таму, но интересно е што се договорила со мајката на киднаперот и преостанатата една третина ја купила од неа, за да биде комплетен сопственик.