МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ДУБАИ: Отворени 800 работни места, условите се одлични

Добивај вести на Viber

Jumeirah Marsa Al Arab, најновото одморалиште Jumeirah лоцирано на најексклузивната плажа во Дубаи, отвора 800 слободни работни места во сите оддели и ги поканува сите заинтересирани кандидати да аплицираат. Со цел да привлече врвни таленти, одморалиштето започнува акција за регрутирање ова лето во пресрет на своето свечено отворање.

Jumeirah Marsa Al Arab ќе собере тим од светска класа кој ќе ја демонстрира посветеноста на брендот за угостителство и иновативност. Целта е да се изгради тим од страсни поединци кои споделуваат визија за извонредност.

- Колегите се срцето на нашето работење, и ние сме многу возбудени што ќе пречекаме талентирани поединци од целиот свет, како еден од нашите најважни пазари. Нивната страст за обезбедување уникатни искуства, познавање на англискиот јазик, претходното деловно искуство и посветеноста на работата ќе бидат пресудни во создавањето на нашиот тим, со цел да го отвориме одморалиштето и да пречекаме гости од целиот свет - изјави Кристина Краус, директорка на хуманитарен ресурси во одморалиштето Jumeirah Marsa Al Arab, поканувајќи ги кандидатите да бидат дел од современата историја, со учество на отворањето на најексклузивното одморалиште во Дубаи.

Детали на Фактор тука.