Меган – наратор во Дизниев документарец за слоновите

Меган Маркл, војвотката од Сасекс, пред да влезе во изолација со семејството во својот нов дом во Лос Анџелес, го сними наративниот дел на сладникавиот документарец за есенската мигарција на слоновите од најновата продукција на Дизни.

Нејзиниот хонорар е донација за организацијата „Слонови без граници“ која работи во Боцвана.

Филмот зборува за драматичната катагодишна миграција на слоновите низ Калахари во потрага по храна и вода за пиење, движејќи се од делтата на Окаванго во Боцвана во сувата сезона кон Замбези и Викториините водопади. Филмот за овој своевиден миграциски феномен во нарацијата на Меган Маркл, како што оценува „Гардијан“,  со серијата нејзини лични коментари добива дополнителна сладникавост.

„За слоновите, семејството е се! Тие се тесно поврзана група, некој што постојано го имаш до себе“, се вели во документарецот.

Режисери се Марк Линфилд, Ванеса Берловиц и Алистар Фотергил, ветерани на одделот  за национална историја на Бибиси, снимателска секција чиј пионер бил сер Дејвид Атенбороу.

Во овој циклус документарци, снимен е и филм за делфините, чиј наратор е Натали Портман.


Меган и Хари се преселија во родниот град на Маркл