Меган и Хари се преселија во родниот град на Маркл
Во моментов, Меган Маркл и принцот Хари се преселени во Лос Анџелес, пишува магазинот „People“.
Според нивните извори, Меган и Хари живеат далеку од очите на јавноста, но исто така и дека тие немаат купено свој имот, поради ситуацијата во којашто се наоѓа целиот свет-поради коронавирусот.
Извори за магазинот „People“ велат дека парот планирал да живее во Лос Анџелес уште од почетокот. Инаку, последните неколку месеци Меган и Хари со својот десетмесечен син Арчи неколку месеци живееше на островот Ванкувер во Канада.
Во родниот град, триесет и осум годишната Меган има голема поддршка од нејзината мајка Дориа, но исто така и од голем број пријатели кои ја посетувале додека живееше во Канада.
Меган Маркл и принцот Хари своите кралски должности ќе ги напуштат кон крајот на овој месец.