Меган ги крши правилата по стапките на Дијана: Тешкиот живот на принцезите

Од првиот ден откако е дојдена во кралскиот дворец, англиската принцеза Меган Маркл има проблеми со прилагодувањето на тамошните правила и прописи. „Историјата се повторува“, велат британските медиуми кои ја споредуваат Меган со нејзината покојна свекрва, принцезата Дијана.

Дијана исто така имала проблеми со прилагодувањето на правилата кои главно ги одредува кралицата Елизабета втора, па од таму споредбите на карактерот на Меган со оној на Дијана. 

Сличноста на Меган со Дијана меѓу другото е и видливата желба за помагање, желбата да се дружи со „обичниот“ народ, па дури и во начинот на кој ја поздравува и ѝ мафта на масата народ. Но, проблемот со прифаќањето на кралските правила е емотивната особина која и двете ја делат.

„Дијана имаше проблем да се навикне на животот во дворецот. Се чувствуваше толку изолирано“, вели Сара Братфорд во својата книга „Дијана“. Истиот проблем, велат блиски извори до кралското семејство за „Мирор“ го има и Меган, која е навикната на својот некогашен холивудски начин на живот во времето кога беше актерка.