Меган и Хари изненадија, половина милион луѓе воодушевени
Меган Маркл и принцот Хари решија да ја изненадат јавноста пред породувато на принцезата.
Тие ѝ се придружија на најпопуларната социјална мрежа, Инстаграм. Меган и Хари отворија заеднички профил, на воодушевување на нивните бројни фанови во Велика Британија и надвор од неа.
„Добредојдовте на нашиот официјален Инстаграм. Им се радуваме на нештата кои ќе ги споделиме со вас, работата која не движи, важните објави и нагласувањето на важните прашања. Ви се заблагодаруваме на поддршката и добредојдовте. Хари и Меган“, пишува на првата објава.
Кралската двојка објави дури девет фотографии, од службените патувања. За само неколку часа веќе ги следат околу 450 илјади луѓе, а добредојде на Инстаграм во коментарите им посакаа повеќе од 9 илјади следбеници.
Меган приватниот Инстаграм профил го затвори пред кралската венчавка минатата година, иако англиските таблоиди пишуваа дека наводно има таен профил цело време кој пред извесно време реши да го деактивира.