Меган и Хари открија кој ќе им свири на свадбата

Добивај вести на Viber

Од Кенсингтонската палата потврија кои ќе бидат музички гости на најисечкуваната венчавка оваа година, таа на Меган Маркл и принцот Хари закажана за 19 мај. Имено, иако се негодуваше дека на венчавката ќе им пее некој светски позна како Spice Girls или познатиот Ед Ширан, парот се одлучил за нешто покласична музика. 

Така нивните гости ќе можат да уживаат во изведбата на евангелскиот хор на Св. Џорџ, како и младиот 19-годишен виолончелист Шеики Канех-Мејсон.

Шекун го повикала самата Меган, а младиот музичар ја прифатил поканата со ентузијазам. "Многу сум возбуден и чест ми е да бидам на свадбата на принцот Хари и Меган Маркл", рекол виолончелистот.

Додека ги разменуваат заветите, Меган, Хари и нивните гости ќе уживаат во оркестарската придружба на националниот музички оркестар на Велс .

На свадбата ќе настапат и Англискиот камерен оркестар и Филхармониски оркестар. Со придружба на оркестарот, изведувачите ќе бидат препознаени и признати од страна на соло изведувачи, како и од најдобрите органисти и трубачи. Дали некое друго познато име во светот на музиката ќе ја засили оваа кралска свадба,ќе видиме.