Меган Маркл е всушност Рејчел: Војвотката ги изненади сите со своето признание

Меган Маркл привлече огромно внимание и дополнителни ги збуни обожавателите кога откри дека нејзиното вистинско име е всушност Рејчел, исто како и нејзиниот лик во тв серијата „Suits“. Ова признание од страна на Меган се случи откако водителката во една емисија случајно ја нарече „Рејчел“ по улогата Рејчел Зејн.

„Моето прво име во реалниот живот е Рејчел. Никогаш не ме викаа така, но моите родители ме именуваа Рејчел Меган Маркл “, изјави таа, со што и потенцираше на водителката дека не погрешила туку ја нарекла по нејзиното вистинско име.

 Фото:screenshot/youtube