Меган Маркл за деновите кога размислувала да си го одземе животот: „Во еден момент не сакав повеќе да бидам жива“ – Мојата приказна може ќе помогне некому
Меган Маркл гопрослави својот 43 роденден, а вчера беше емитувано интервјуто со неа, за CBS Sunday Morning, поточно дел од тој разговор во кој војвотката од Сасекс во придружба на нејзиниот сопруг принцот Хари зборуваше за многу тежок период во нејзиниот живот. За тоа како, додека сè уште била вработена членка на британското кралско семејство, размислувала за самоубиство.
Во интервјуто се зборуваше за новата програма The Parents Network на нивната фондација „Арчевел“, наменета за родителите чии деца доживеале траума поврзана со користење на социјалните медиуми. По две години пилот програма, иницијативата сега е достапна за родителите од САД, Велика Британија и Канада.
Новинарката ја праша Меган Маркл за нејзината одлука да зборува за тешките денови. Да потсетиме, сопругата на принцот Хари зборуваше за тоа во 2021 година во интервју со Опра Винфри кога истакна дека во еден момент повеќе не сака да биде жива. Пред тоа таа беше изложена на огромно медиумско внимание во Велика Британија. Таа тогаш нагласи дека семејството на Хари не ја поддржало како што требало.
Меган, која претходно зборуваше за „злоупотребата што ја доживеа на социјалните мрежи и на интернет“, и рече на новинарката дека препознала „транзиција“ помеѓу нејзиното искуство и она на децата погодени од штетните ситуации со кои се среќаваат на интернет.
„Кога поминувате низ кое било ниво на болка или траума, верувам дека дел од нашата способност за лекување е тоа што можеме да бидеме навистина отворени за тоа, барем во мојот случај. Никогаш не би сакала некој друг да се чувствува така и никогаш не би сакала никој да помисли наистото“.
Таа порача: „Ако она за што ќе зборувам спаси некого или го охрабри навистина, искрено да ја провери неговата состојба во животот и да не претпоставува дека сè е во ред, тогаш вреди. Ќе ја направам таа жртва“.
Таа зборуваше и за тоа како сака да ги заштити своите деца Лилибет и Арчи од штетните содржини на Интернет.
„Нашите деца имаат три и пет години. Тие се неверојатни. Но, сè што сакам да направам како родител е да ги заштитам. Како што можеме да видиме на онлајн просторот, има многу што треба да се поправи и ние сме среќни да бидеме дел од таа промена“, нагласи таа.
Новинарката додала дека се надева дека Лилибет и Арчи ќе имаат кој да им помогне доколку имаат потреба од тоа.
„Ако знаете како да помогнете. Во овој момент дојдов до фаза каде што скоро секој родител треба да биде првиот што реагира. Дури и најдобрите луѓе кои први реагираат на светот не би можеле да препознаат знаци на потенцијално самоубиство. Тоа е страшниот дел од ова“, рече Хари.
Меган напомена дека на се треба да се гледа со прашањето – што ако тоа е мојата ќерка, што ако е мојот син. „Ако го погледнете низ објективот на тоа дека сте родител, нема начин да го видите на друг начин освен да се обидете да пронајдете решение“.
Фото: Принтскрин/ ЈутјубИзвор: Zena.blic.rs