МЕГАН МАРКЛ ЗНАЕ КАКО: Рутина на вежбање и нега на идната војвотка за згодно тело
Убава е, паметна, секогаш во тренд, но и згодна. Како Меган Маркл успева да го постигне се тоа? На витистинското место сте да го откриете тоа, евентуално и да усвоите трик или два. Верувајте, нема да зажалите.
Како ќерка на јогиња, често прибегнува кон овој метод и тврди дека „јогата и е во крвта“. Меган јога прави неколку пати неделно, а омилени и сѐ Винјаса и хот јога.
Бидејќи јогата е „задолжена“ за раце и нозе, истегнување ... Меган задникот го одржува во форма со помош на "Skinny Bitch Collective" вежби кои ги смислил тренерот Расел Бејтмен. Инаку, на неговите часови можете да дојдете само ако сте повикани, а се работи за чучнувања, исчекори ...
Прославената актерка е голем обожавател и на трчањето, кое ја релаксира. Воглавно трчала со домашни миленици или со блиски пријатели. Дали и сега со Хари ќе трчи? Останува да видиме.
Меган често напоменувала во интервјуа како сака добар предизвик и како често посегнува за „Најдобрите работи за телото секогаш“. А најдобра работа за телото Меган го смета пилатесот. Истовремено, го посетувала и пријателот тренер Хедер Дорак во Санта Моника каде успевала да има добар тренинг кој воедно и силно ја мотивира.
Идната војвотка од Сасекс сака и да плива, бидејќи тоа, како што кажала еднаш - е тренинг и опуштање во едно.
Од друга страна, Меган се негува подеднакво сериозно како и што вежба. Таа со тек на време научила како да ужива во храната, чаша вино, сауна, телевизија - таа смета дека за вистинска релаксација и уживање морате да постигнете совршен баланс. Затоа не скратувајте си ги слатките ужини!
Така на пример Меган, наместо попладневно кафе, пие зелен сок-чаша полна добра енергија, здравје и освежување. Истакнува дека е сериозен и здрав појадок она што навистина е "must have". Таа избегнува глутен, и внесува доста овошје. Исто така пие топла вода со лимон, која е магична за дигестивниот тракт, и која лесно го хидрира целото тело.
Од грицки преферира парчиња јаболко со путер од бадеми и малку морска сол.