Меланија Трамп како најдобро облечена Прва дама во Париз: Сите стајлинзи за пофалба

Добивај вести на Viber

Минатиот викенд, политичката елита се собра во францускиот главен град по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата светска војна, каде присуствуваше и нашиот претседател Ѓорге Иванов и неговата сопруга Маја. 

Првата дама на Америка, Меланија Трамп беше најдобро облечената дама тие денови во Париз.

Највлијателната прва дама на светот, го положи модниот испит и овојпат. Таа се појави во неколку „аутфити“, кои добија само суперлативни пофалби од модните критичари.

Заедно со француската дама Бриџит Макрон, Меланија прикажа совршена воздржаност и елеганција, која беше целосно во согласност со церемонијата.

Во една прилика се појави во машки костим и повторно изгледаше како модна икона.

За собирот на Првите дами, Меланија избра сива креација на модната куќа Диор, со која ја истакна својата моќна женска фигура.

Станува збор за фустан со миди должина, со плисирано здолниште и горен дел со копчиња. Нејзината шминка и фризура, како и секојпат изгледаа совршено.


Д.К.