Мелита Ракичевиќ откри со кого спие: „Љубовта е огромна, душата ми е полна“ (Фото)

Мелита Ракичевиќ е доста активна на социјалните. Таа постојано објавува фотографии на кои изгледа беспрекорно, па многумина се прашуваат дали навистина е толку разубавена или користи по некој филтер.

Како и да е, она што сите сакаат да го знаат за неа, а таа го крие како змија нозе, е токму љубовниот живот. Па веројатно наслутувајќи го ова, Мели конечно откри со кого спие и покрај кого се буди, нормално се пошегува со следбениците бидејќи се работи за мачето кое неодамна го посвои.

Мелита инаку важи за голем љубител на животните па оваа одлука не ги изненади следбениците, напротив доби огромна поддршка затоа што спасила едно животинче на кое му подарила дом и среќа.


Фото: MelitaRakicevic/instagram/screenshot